• сабота, 23 ноември 2024

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Порт Морзби, 28 ноември 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Вевак, главниот град на провинцијата Источен Сепик во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).

Земјотресот бил на длабочина од 44 километри, соопшти USGS. Вевак е населен со околу 18 илјади жители. Засега нема информации за жртви и разурнувања.

Австралиското биро за метеорологија соопшти дека земјотресот не донел закана од цунами за Австралија. ссм/

Остани поврзан