Силен земјотрес ја погоди индонезиската провинција Папуа
- Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди индонезиската провинција Папуа, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Џакарта, 30 декември 2023 (МИА) – Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди индонезиската провинција Папуа, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 46 километри, а епицентарот бил на 179 километри западно-југозападно од градот Џајапур на островот Нова Гвинеја.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. јт/