Силен земјотрес регистриран во Перу
- емјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Арекипа, во јужниот дел на Перу

Лима, 16 јуни 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Арекипа, во јужниот дел на Перу.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихи Океан, во регионот Арекипа, на длабочина од 25 километри.
По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. ми/
фото: МИА архива