Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка
- Земјотрес со јачина на ударот од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Карипско море меѓу Јамајка и Куба, информира американскиот Геолошки институт, цитиран од американските

Лусеја, 28 јануари 2020 (МИА) -Земјотрес со јачина на ударот од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Карипско море меѓу Јамајка и Куба, информира американскиот Геолошки институт, цитиран од американските медиуми.
Епицентарот на ударот бил на 117 километри северозападно од градот Лусеја, на Јамајка, на длабочина од 10 километри.
Издадено е предупредување за цунами за Јамајка, Куба и Кајманските острови, јавија британските медиуми. сд/
Првично беше јавено дека потресот бил со јачина од 7,3 степени.