• понеделник, 23 декември 2024

Силвестер Сталоне со емотивна видео-порака за Ник Кордеро: Го имаш окото на тигарот!

Силвестер Сталоне со емотивна видео-порака за Ник Кордеро: Го имаш окото на тигарот!
Лос Анџелес, 15 мај 2020 (МИА) - Силвестер Сталоне упати емотивна видео-порака кон неговиот колега, бродвејскиот глумец Ник Кордеро, кој неколку недели се бори со коронавирусот. Главната поента е тоа дека борецот го има „окото на тигарот“, алудирајќи на познатата американска песна „The Eye of The Tiger“, што во филмовите „Роки“, но и во многу други, се однесува на врвната храброст. Сопругата на Кордеро, Аманда Клутс, го објави видеото на интернет вчера - еден ден откако театарскиот глумец се разбуди од вештачката кома. - Ти го имаш „окото на тигарот“, го имаш тој дар. Се бореше со тешко зло. Борбата беше жестока. И, човекот, како и семејството треба да се извонредно силни за да ја пребродат оваа ситуација. ...Да му возвратиш на животот в лице и да му речеш: „Погоди што! Ќе ти треба многу повеќе од тоа. Јас сум фраерот.“ И, да. Ти си фраерот!, вели Сталоне во видеото. Кордеро (41) и  Клутс, исто така - глумица, пред 11 месеци го добија синот Едуардо. Кордеро овие два месеца неколкупати беше вклучен на респиратор. Во април му беше ампутирана десната нога, по што состојбата му стана полоша, особено со ослабнувањето на белите дробови. На 5 мај, нему му беше извршена операција за отстранување на дел од ткивото, а завчера се рабудил од вештачки предизвиканата кома.  си/сд/

Остани поврзан