• сабота, 23 ноември 2024

Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници на наддавање

Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници на наддавање

Њујорк, 8 мај 2024 (МИА) - Силвестер Сталоне ќе понуди на аукција 11 луксузни часовници од својата колекција, соопшти аукциската куќа „Сотби'с“ во Њујорк. Наддавањето е закажано за 5 јуни, а на него ќе се најде и „еден од најсложените рачни часовници во светот“ - првично продаден за 2,5 милиони долари.

На добротворна аукција во 2019 година, друг челичен модел „Грендмастер чајм“ (Grandmaster Chime) - часовник во еден примерок, беше продаден за 31 милион долари, поставувајќи рекорд. „Чајмот“ на Сталоне има проценета вредност меѓу 2,5 и пет милиони долари, но многу веројатно ќе се искачи и над тоа.

Меѓу другите скапи часовници, на наддвањето ќе се најде и „Панерај референс ПАМ-00382“ од филмот „Платеници 2“ од 2011 година, заедно со потпишан постер од филмот. Во понудите се и „Панерај референс ПАМ-00269“, „Панерај референс ПАМ-00202“, Панерај референс ПАМ-00332“,  итн. си/сд/ 

Фото: ЕПА, „Сотби'с“ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан