Силва се искачи на седмото место на листата најдобри асистенти во Премиер лигата
- Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва на денешниот дуел со Астон Вила ја забележа 90. асистенција во Премиер лигата и влезе во најдобрите седум асистенти.

Лондон, 12 јануари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва на денешниот дуел со Астон Вила ја забележа 90. асистенција во Премиер лигата и влезе во најдобрите седум асистенти.
Силва му асистираше на Серхио Агуеро за голот во 57. минута.
Пред Силва според овој индикатор се: Рајан Гигс (172 асистенции), Цеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103), Френк Лампард (102), Денис Бергкамп (94) и Стивен Џерард (92). зс/