• понеделник, 23 декември 2024

Силва го продолжи договорот со Челзи

Силва го продолжи договорот со Челзи
Лондон, 3 јануари 2021 (МИА) – Фудбалерот на Челзи, Тиаго Силва, стави вечерва потпис на нов едногодишен договор со лондонскиот премиерлигаш, до крајот на сезоната 2022/23. Триесетиседумгодишниот бразилски дефанзивец дојде во Челзи минатото лето, откако му истече договорот со ПСЖ. - Вистинско задоволство е да се игра за Челзи. Никогаш не мислев дека ќе останам три години во овој прекрасен клуб, но многу сум среќен поради тоа. Ќе дадам сè од себе да продолжам да играм на ова ниво во најважната лига во светот, изјави Силва. Тој сезонава запиша 22 настапи за тимот предводен од Томас Тухел и постигна два гола, а додаде и две асистенции. ег/

Остани поврзан