• сабота, 14 февруари 2026

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп

Минхен, 14 февруари 2026 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на Минхенската безбедносна конференција изјави дека завршувањето на војната помеѓу Русија и Украина е „нереално“ без американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој на панелот „Во фокус – безбедносните гаранции за Украина“ посочи дека во Абу Даби се одржаа три рунди разговори во трилатерален формат – Украина, САД и Русија.

- Напредуваме. И сме благодарни на нашите американски пријатели, бидејќи без Трамп е нереално да се стави крај на оваа војна. Под американско водство, можеме да постигнеме напредок, но во исто време мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија - наведе Сибиха.

Според него, Русија не покажува подготвеност за сериозни преговори.

- Наместо тоа, украинската страна има остварливи предлози. Она што сега го имаме е дека Американците се вклучени во процесот, што е одлично. Под личното водство на Трамп, имаме шанса да ги забрзаме мировните напори. Украина е подготвена со своите изводливи предлози. Секако, нема мировни договори на сметка на нашиот територијален интегритет и суверенитет, посочи Сибиха.

Тој, исто така, изрази надеж дека следната рунда разговори ќе се фокусира на акција, а не на реторика.

Не станува збор за самиот процес, сега е време за акција и конкретни чекори, посочи Сибиха. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан