• петок, 05 декември 2025

Сибиха: Вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради масовните руски напади

Сибиха: Вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради масовните руски напади

Брисел, 1 септември 2025 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, објави дека денеска во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради масовните руски напади.

„Денеска во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот НАТО-Украина на барање на Украина и како одговор на неодамнешните масовни воздушни напади од страна на Русија. Очекуваме фокусирана дискусија за заедничките чекори за соодветен одговор на отфрлањето на мировните напори од страна на Русија и ескалацијата на теророт врз Украинците“, напиша Сибиха на платформата X.

Тој им се заблагодари на НАТО и на сите сојузници кои продолжуваат силно да ја поддржуваат Украина.

„Москва треба да почувствува посилен притисок бидејќи тоа ја продолжува војната“, нагласи шефот на украинската дипломатија.сд/

фото:Х

Остани поврзан