• понеделник, 23 декември 2024

Си-Би-Ес: Потрошени 12 милиони долари за лично обезбедување на двајца поранешни советници на Трамп поради ирански закани

Си-Би-Ес: Потрошени 12 милиони долари за лично обезбедување на двајца поранешни советници на Трамп поради ирански закани

Вашингтон, 27 февруари 2024 (МИА) - Џон Болтон и Роберт О’Брајан, поранешни советници за национална безбедност во администрацијата на Трамп, побарале спроведување постојана заштита од тајната служба на САД што чинела над 12 милиони долари.

Заштитата била побаранa поради наводна опасност од Иран и се спроведувала долго откако тие заминале од позициите, јави Си-Би-Ес.

Според документи од Министерството за внатрешна безбедност на САД, обезбедувањето за двајцата се состоело од специјални агенти во текот на 24 часа, со покривање на нивните домови, какo и патувањата дома и во странство.

Болтон бил заштитуван десет месеци од декември 2021 година откако се дознало дека постои иранска закана по неговиот живот. O’Брајан исто така десет месеци со почеток од октомври 2021 година.

Поранешниот претседател  Доналд Трамп наредил на тајната служба да испрати обезбедување за двајцата. Документите потоа откриваат дека нoводојдениот претседател Џо Бајден ја продолжил таа наредба.

Службеници како Болтон и О'Брајан вообичаено немаат такво ниво на обезбедување откако ги напуштаат позициите. кб/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан