СЗО: САД би можеле да станат епицентар на пандемијата
- Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на „ескалирање“ на епидемијата на новиот коронавирус во САД, кои, според проценките, би можеле да станат епицентар на пандемијата.

Женева, 24 март 2020 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на „ескалирање“ на епидемијата на новиот коронавирус во САД, кои, според проценките, би можеле да станат епицентар на пандемијата.
- Во последните 24 часа 85 отсто од новите случаи на зараза биле во Европа и во САД, од кои 40 проценти во САД, изјави претставничката на СЗО, Маргарет Харис.
Според неа, „во САД има голем пораст на бројот на инфицирани и се поголем интензитет на ширење на епидемијата“. гт/