• понеделник, 23 декември 2024

СЗО: Цивилите и хуманитарците мора да бидат заштитени во секое време

СЗО: Цивилите и хуманитарците мора да бидат заштитени во секое време

Женева, 11 октомври 2023 (МИА) – Шефот на СЗО денеска нагласи дека цивилите и хуманитарците не треба да бидат цел на напади поради зголемената тензија меѓу Израел и Хамас.

Изјавата на Тедрос Аданом Гебрејесус дојде откако Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) соопшти дека 11 вработени се убиени во воздушни напади во Појасот Газа од саботата.

- Цивилите и хуманитарците не се цел и мора да бидат заштитени во секое време, додаде тој.

Светската здравствена организација повика за ставање крај на непријателствата меѓу Хамас и Израел и отворање хуманитарен коридор од Египет до Појасот Газа за основни медицински материјали – заедно со ослободување на над 100 израелски и странски заложници заробени кога илјадници милитанти на Хамас првпат ја премина границата во саботата, при што загинаа над 1000 Израелци. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан