• сабота, 23 ноември 2024

СЗО со предупредување до шест африкански држави по појавата на ебола

СЗО со предупредување до шест африкански држави по појавата на ебола
Женева, 16 февруари 2021 (МИА) - Светска здравствена организација денеска упати предупредување до шест африкански држави да бидат внимателни поради појавата на ебола во Гвинеја и во Демократска Републиак Конго. - Веќе предупредивме шест околни држави, вклучително и Сиера Леоне и Либерија и тие брзо се подготвуваат и ги испитуваат потенцијалните инфекции, истакна портпаролката на СЗО, Маргарет Харис. Но, таа не ги именува другите држави. Харис посочи дека властите идентификувале речиси 300 контакти со заразени со ебола во ДР Конго и околу 110 во Гвинеја. ДР Конго пријави избивање на болеста на 7 февруари, додека Гвинеја на 14 февруари пријави појава на болеста во југоисточниот дел на земјата.
- Не знаеме дали ова е последица на вирусот на ебола што опстојал кај луѓето или повторно имало трансмисија од животни, посочи Харис при тоа додавајќи дека се спроведува генетското секвенцирање за да се утврди потеклото на вирусот. Во текот на последната епидемија на ебола во Западна Африка (2014 - 2016) во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне беа регистрирани 28.000 пациенти од кои 11.310 починаа. Минатата година во источниот дел на ДР Конго од ебола починаа 2.299 луѓе. ми/

Остани поврзан