• среда, 27 ноември 2024

СЗО: Ризикот од омикрон останува многу висок

СЗО: Ризикот од омикрон останува многу висок
Женева, 22 јануари 2022 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) денеска издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со оваа варијанта останува „многу висок“. - Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикрон останува висок. Омикрон расте многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата, а со тоа и поголема инциденца отколку што сме виделе во пандемијата претходно, соопшти СЗО. СЗО додава дека, и покрај тоа што е помала веројатноста од сериозен тек на болеста отколку кај претходните видови, омикрон е многу заразен што резултира со зголемени хоспитализации и продолжување на притисокот врз здравствениот систем во многу земји, што може да доведе до значителна смртност, особено кај луѓето со чувствително здравје. - Во многу земји се пријавени многу хоспитализации и приеми на интензивна нега, бидејќи ова се нивоа на инфекција што не ги видовме за време на пандемијата. Потребни се повеќе податоци за да ја сфатиме јачината на сојот, според количината на потрошениот кислород, употребата на респиратори и бројот на смртни случаи од омикрон, се додава во соопштението. јт/

Остани поврзан