• недела, 03 ноември 2024

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради мпокс

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради мпокс

Женева, 14 август 2024 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) по вторпат во последните две години прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење поради мпокс (т.н.мајмунски сипаници). Одлуката доаѓа откако беше утврдено жариште на болеста во Демократската Република Конго, кое се прошири и во соседни држави, со 90 регистрирани случаи.

Според генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој на мајмунски сипаници, при што досега починале најмалку 500 лица.

Мајмунските сипаници се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно се опоравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет.

СЗО дополнително извести дека случаите на мајмунски сипаници се присутни во 13 африкански држави, а во моментот се шири нов сој на вирусот. ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан