• среда, 20 ноември 2024

СЗО предупредува: Укинувањето на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата

СЗО предупредува: Укинувањето на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата
Женева, 10 април 2002 (МИА) - Предвременото укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, може да предизвика „фатално враќање “ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус. -Знам дека некои земји веќе се подготвуваат за излегување од изолацијата. СЗО, како и сите, сакае да се укинат ограничувањата. Но, предвременото укинување на ограничувањата може да предизвикаат фатално враќање на пандемијата, рече тој. „Враќањето на пандемијата може да биде, исто така, смртоносно колку и неговото ширење, доколку недостасуваат потребните мерки“, додаде тој. СЗО разговара со заинтересираните земји за подготовка на стратегија за постепено и безбедно излегување од изолацијата и смета дека треба да бидат исполнети шест барања, пренесе Индекс. Потребно е да се контолора пренесувањето на вирусот, да се обезбеди јавноздравствена и медицинска поддршка, како и да се минимизира ризикот во изложената средина, како што се здравствените установи за долготрајно лекување. Исто така, треба да се воведат и превентивни мерки за работното место, во училиштата и на другите посетени други места, да се контролира ризикот од внесување на вирусот од странство и конечно на населението да му се довери одговорноста. -Секој поединец носи дел од својата одговорност во борбата против епидемијата, истакна Тедрос. сд/  

Остани поврзан