• недела, 28 јули 2024

СЗО: Повторно раст на заразените со Ковид-19 во светот

СЗО: Повторно раст на заразените со Ковид-19 во светот
Женева, 16 март 2022 (МИА) - Неделниот број на заразени со Ковид-19 во светот, порасна за првпат, од крајот на јануари, соопшти вчера Светската здравствена организација.
Во втората недела од март, бројот на новозаразени е за осум отсто поголем, отколку во претходната седмица.
Oд 7 до 13 март, евидентирани се над 11 милиони нови случаи на Ковид-19 и 43.000 смртни случаи од, или со, коронавирус.
Порастот во споредба со претходната недела, посебно се забележува во регионите на Западниот Пацифик - 29 отсто, како и на Африка - 12 проценти. Во Европа пак, забележан е седмичен пораст од два отсто.
Бројот на случаи е намален во источниот Медитеран, Југоисточна Азија, како и во Северна и во Јужна Америка.
Вкупниот број потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус, од почетокот на пандемијата, достигна до 455 милиони. Регистрирани се шест милиони смртни случаи. бд/сд/

Остани поврзан