• недела, 28 јули 2024

СЗО: Новиот вид коронавирус „не е вон контрола“

СЗО: Новиот вид коронавирус „не е вон контрола“
Женева, 21 декември 2020 (МИА) - Новиот вид на коронавирусот откриен во Велика Британија, што брзо се шири, „не е вон контрола“, соопшти денеска Светска здравствена организација повикувајќи да се преименуваат досегашните проверени мерки. - Имавме фактор РО (стапка на репродукција на вирусот) многу поголем од 1,5 во разни моменти во оваа пандемија и ја совладавме. според тоа оваа ситуација во таа смисла не е вон контрола, изјави директорот за итни здравствени ситуации при СЗО, Мајкл Рајан. Неговата изјава уследи откако британскиот министер заздравство Мет Хенкок вчера оцени дека „новиот вид коронавирус „е вон контрола“. - Мерките што во моментот постојат се добри. Треба да продолжиме да го правиме тоа што го правевме досега. Можно е да биде потребно поинтензивно и подолго време да работиме за да се осигураме дека можеме да го совладаме овој вирус, истакна Рајан. Голем број држави од вчера ги затворија границите со Велика Британија и со Јужна Африка поради појавата на новиот вид накоронавирусот со цел да се избегне негово ширење. ми/  

Остани поврзан