• понеделник, 23 декември 2024

СЗО: Европа е единствениот регион во светот каде расте бројот на заразени од коронавирус

СЗО: Европа е единствениот регион во светот каде расте бројот на заразени од коронавирус
Женева, 3 октомври 2021 (МИА) - Европа е единствениот регион во светот каде што расте бројот на заразени со коронавирус, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на Обединетите нации наведува дека бројот на нови случаи се зголемил за шест проценти во Европа, во споредба со „скокот“ од 18 проценти регистриран минатата недела. „Неделните нови инфекции во другите региони паднаа или останаа приближно исти“, се вели во извештајот. Најголем пад е забележан на Блискиот Исток, каде бројот на нови случаи е намален за 12 отсто и во Југоисточна Азија и Африка, каде бројот на новозаразени е намален за девет отсто. „Вкупно три милиони нови неделни случаи се пријавени во светот“, се вели во извештајот. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот е зголемен за осум отсто, главно поради Југоисточна Азија, каде стапката на смртност се зголемила за 50 отсто. Стапката на инфекција со коронавирус беше највисока во Европа, која пријави 192 нови случаи на 100.000 луѓе, а потоа следат Северна и Јужна Америка, кои имаат 72 нови случаи на 100.000 луѓе. Додека Чешката Република, Полска и другите земји во Централна и Источна Европа го пријавија најновиот скок на инфекција, континуираниот пораст на потврдени случаи низ Европа во голема мера се должи на порастот на инфекции во Велика Британија, Русија, Турција и Романија. СЗО ги осуди богатите земји поради воведувањето програма за промање засилувачка доза, во време кога повеќето сиромашни земји допрва треба да применат вакцини за нивните најранливи популации. Претходно, СЗО соопшти дека секој ден се даваат околу милион бустер дози, што е околу три пати повеќе од бројот на вакцини дадени во сиромашните земји. паг/  

Остани поврзан