• сабота, 23 ноември 2024

СЗО до своите членки: Не воведувајте обврска за доказ за вакцинирање или имунитет при патување

СЗО до своите членки: Не воведувајте обврска за доказ за вакцинирање или имунитет при патување
Женева, 15 јануари 2021 (МИА) - Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидиер Хосин, во време кога бројот на зпочинати од Ковид-19 се приближува на два милиони. Експертите дадоа голем број препораки кои генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги прифати и им ги испрати на членките на Обединетите нации, се наведува во соопштението на организацијата. „Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапн “, препорача комитетот на СЗО. „Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето“, се додава во извештајот. Комитетот ги повика државите да следат ја појавата на нови варијанти на коронавирусот, како што се оние во Велика Британија и Јужна Африка за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови. СЗО исто така повикува на испраќање технологии до посиромашните земји за да се забрза глобалното производство на вакцини. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска, за време на посетата на Португалија, која го презеде претседателството со ЕУ, ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ. - Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани, рече таа. Постојат стравувања дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои не ни имале пристап до вакцината. Фон дер Лајен вели дека ова може да се реши со комбинација на такви потврди и негативен тест за Ковид-19. ссм/

Остани поврзан