• понеделник, 30 декември 2024

СЗО: Бомбардирана болницата Ал Шифа во Газа, надвор од употреба се 20 болници во Појасот Газа

СЗО: Бомбардирана болницата Ал Шифа во Газа, надвор од употреба се 20 болници во Појасот Газа

Тел Авив, 10 ноември 2023 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека била бомбардирана болницата Ал Шифа во Газа и додаде дека сега 20 болници во Појасот Газа се целосно вон функција. 

-Немам детали за Ал Шифа, но знаеме дека е бомбардирана, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, додавајќи дека на местото имало „интензивно насилство“, пренесе Ал Џезира.

Палестинските власти соопштија дека едно лице е убиено, а неколку други се ранети, пренесе Гардијан. 

Има извештаи за интензивни борби меѓу израелските сили и борците на Хамас во близина на болницата Ал Шифа, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои наводно се гледаат повредени луѓе во болницата Ал Шифа, каде што многу жители на Газа се засолниле. 

-Ова е чекалната под која се засолниле внатрешно раселените лица, изјави директорот на болницата Медхат Абас за Си-Ен-Ен.

Израелската војска (ИДФ) ја обвинува палестинската милитантна група Хамас дека ги крие своите борци во болниците и дека го користи болничкиот комплекс Ал Шифа како главен команден центар. 

Израелската војска стигнала и до болницата Рантиси, во предградието Ал Наср и ја опколила, пишува „Тајмс оф Израел“.сд/

фото?Х

Остани поврзан