• понеделник, 16 декември 2024

СЗО: Богатите нации мора да направат повеќе за борба против пандемијата

СЗО: Богатите нации мора да направат повеќе за борба против пандемијата

Женева, 23 мај 2023 (МИА) -  Од богатите земји треба да се побара повеќе да придонесат за да му се помогне на светот да се справи со пандемии, се вели во новиот нацрт-документ за кој се преговара во Светската здравствена организација. Земјите со поголем „капацитет и ресурси“ треба да сносат „пропорционален степен“ на одговорност за подготовка и одговор на глобалните здравствени закани, се вели во нацртот.

Целта на документот, правно обврзувачки договор за кој преговараат земјите-членки на СЗО, е да се реши „катастрофалниот неуспех“ на меѓународната заедница подеднакво да се справи со Ковид-19 ширум светот.

Ковид уби околу седум милиони луѓе откако се појави во Кина кон крајот на 2019 година, парализирајќи ја глобалната економија и опустошени заедници. Пријавени се повеќе од 750 милиони заразени.

Документот од 42 страници има за цел да го направи светот повеќе одговорен во иднина.

Документот дефинира „пандемија“ - една од неколкуте спорни точки кои веќе одземаа многу време за време на преговорите - како „глобално ширење на патоген или варијанта“ што се шири брзо, е опасно, ги оптоварува здравствените системи и бара меѓународна координација.

Документот треба да биде завршен до 2024 година. зш/

Остани поврзан