• среда, 27 ноември 2024

Се шири пожарот помеѓу Гевгелија и Богданци, загрозено селото Ѓавато и ветерниците

Се шири пожарот помеѓу Гевгелија и Богданци, загрозено селото Ѓавато и ветерниците
Скопје, 24 јули 2022 (МИА) - Пожарот на местото викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, заради ветрот и непристапноста и густата вегетација на теренот, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи на нивниот фб профил, побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места. Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување, сепак, хеликоптерот нема да полета денеска според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана.
Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато.
Пожарот избувна во 13:30 часот во поле, а подоцна огнената стихија се прошири во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Во гансењето на пожарот интервенираат девет пожарникари со четири ПП возила, а ангажирани се и уште три пожарникари кои се испратени од ТППЕ Гевгелија и четирир лица од Шумското стопанство од Гевгелија. Со пожарот зафатен е прнар и нискостеблеста шума.
За справување со пожарот помагаат и вработени од Општина Богданци и мештаните. вг/

Остани поврзан