• петок, 08 ноември 2024

Се чисти речното корито на Луда Мара во кавадаречко Сопот 

Се чисти речното корито на Луда Мара во кавадаречко Сопот 

Кавадарци, 6 февруари 2024 (МИА) - По барање на жителите на месната заедница на селото Сопот, во тек е чистење на каналот на речното корито на реката Луда Мара.  Механизацијата и изведбата се донација од општествено одговорната компанија „ЈА-МИ“, информираа попладнево од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Оттаму исто така соопштија дека јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци по барање на Локалната самоуправа почна со комплетна реконструкција на канализациската линија со нови цевки, во дворното место на Дом на култура „Иван Мазов Климе“.

- Се продолжува интензивно да се работи на бројни проекти и оваа година, како впрочем и досега. Подеднакво се инвестира како во урбаните, така и во руралните средини во општината Кавадарци, нагласија од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. свд/мд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан