Се чисти брана Моклиште
- Општина Кавадарци започна со комплетно чистење од мил и песок на браната Моклиште, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Кавадарци, 28 октомври 2022 (МИА) - Општина Кавадарци започна со комплетно чистење од мил и песок на браната Моклиште, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- За таа цел, со донација се ангажирани фирмите, ЈА - МИ со четири камиони, два камиона од Анел Маг, по еден камион од АС Машини и З-Транспорт, утоварна машина од Градба Промет, Sико Коп со багер и Хидро Бошава со донација на гориво, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека на иницијатива на градоначалникот и директорката на О.О.У ,,Страшо Пинџур'' Кавадарци, се започна со асфалтирање на надворешно игралиште во дворот на училиштето, што е наменето за фудбал, кошарка и скок во далечина. По асфалтирањето, ќе се пристапи со поплочување на останатиот партер во училиштето.
Инвестицијата е на Општина Кавадарци, во износ од 5.000.000 денари, а изведувач е Павер Трејд. свд/сст/