• сабота, 23 ноември 2024

Се уредува дел од коритото на реката Грашница во Охрид

Се уредува дел од коритото на реката Грашница во Охрид
Охрид, 21 декември 2020 (МИА) – Општина Охрид спроведува градежни активности за уредување и проширување на коритото на реката Грашница. Станува збор за зафат што се реализира на потегот од пресекот на булевар„ Туристичка“ со улица „Железничка“ во должина од околу 170 метри. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска беше во проверка на терен, каде направи увид на градежните активности. Со проектот вреден 6,75 милиони денари, предвидено е после расчистувањето на речното корито, истото да биде бетонирано и обложено со камен. Градежните активности ги реализира компанијата „Бокоп “ од Боровец, избрана по претходно распишан тендер на Општина Охрид. аб/мс/

Остани поврзан