• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник 

Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник 

Неготино, 16 април 2025 (МИА) - Дваесет и двегодишно момче од неготинското село Тремник синоќа е пријавено за исчезнато, потврдија за МИА од СВР Велес. 

- Синоќа во 22.15 часот во ОВР Неготино, С.С.(40) од село Тремник, неготинско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот внук од брат Д.С.(22), кој бил со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од СВР Велес. 

Известување за исчезнатото момче е објавено и на Фејсбук профилот посветен на селото Тремник. 

- Се известуваат жителите на село Тремник доколку се во можност да ги проверат своите гаражи, штали, помошни простории, шупи, со цел пронаоѓање на исчезнатото лице Диме Стојамиров од село Тремник и доколку се забележи веднаш да го известат МВР, се вели во објавата на Фејсбук. свд/дма/


Фото: Фејсбук на селото Тремник 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан