Се слави пласманот на ЕП на македонските фудбалери
- Историското прво обезбедено учество на едно Европско првенство на македонската фудбалска репрезентација, вечерва се слави на плоштадите низ целата држава. Големи групи навивачи со македонски

Скопје, 12 ноември 2020 (МИА) – Историското прво обезбедено учество на едно Европско првенство на македонската фудбалска репрезентација, вечерва се слави на плоштадите низ целата држава. Големи групи навивачи со македонски знамиња и песни се радуваат на победата на македонскиот национален тим на гостувањето во Грузија.
Според најавите, македонската експедиција од Тбилиси ќе тргне пред 22 часот, а неизвесно е дали ќе слета во Скопје или во Приштина доколку скопската магла не дозволи безбедно призејмување на авионот во македонската престолнина. зс/


