• вторник, 24 декември 2024

Се реконструира фасадата на економското училиште во Велес

Се реконструира фасадата на економското училиште во Велес

Велес, 28 ноември 2024 (МИА) - Во тек се градежните активности на реконструкција на фасадата во енергетски ефикасна на oпштинското средно училиште „Јовче Тесличков", попознато како Економска во Велес. За таа намена обезбедени се средства за реконструкција на фасадата на ова училиште, информира градоначалникот Марко Колев.

- Со целосната реконструкција на фасадата на зградата оваа средно eкономско училиште добива нов лик. Инаку, оваа зграда е изградена во далечната 1961 година, првично за ОУ „Трајко Андреев“,  а од 2006 година од септември тука се пресели економското училиште. Со реконструкција на фасадата, стара 63 години, значително ќе се подобрат условите за учење на учениците и за работа на наставниците и целокупниот кадар. Со новата енергетски ефикасна фасада ќе се постигне поголема енергетска ефикасност, односно поголема топлина во зима на сите простории во училиштето и ќе се заштеди во електрична енергијата, потенцира Колев. ад/ир/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан