Се реконструира улицата 111 во месноста наречена Јака во Марино
- Во општина Илинден почна реконструкцијата на улицата 111 во месноста Јака, во населеното место Марино. Улицата е во вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од шест метри и изградба на тротоари со широчина од 1,5 метар.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Во општина Илинден почна реконструкцијата на улицата 111 во месноста Јака, во населеното место Марино. Улицата е во вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од шест метри и изградба на тротоари со широчина од 1,5 метар.
Со реконструкцијата, велат од Општината, значително ќе се подобрат безбедноста и функционалноста на сообраќајот за сите учесници.
Градоначалникот Александар Георгиевски извршил увид во градежните работи и истакнал дека комплетно ќе бидат завршени главните пристапни патишта во месноста наречена Јака.
- Со реализацијата на овој проект Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во развојот на инфраструктурата во сите населени места, со цел обезбедување поквалитетни, побезбедни и современи услови за живеење за сите граѓани - велат од Општината. бак/вј/
Фото: Општина Илинден