• четврток, 15 јануари 2026

Се реконструира спортската сала во карбинското училиште „Страшо Пинџур“

Се реконструира спортската сала во карбинското училиште „Страшо Пинџур“

Штип, 29 декември 2025 (МИА) - Почна реконструкцијата на спортската сала во Општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ во селото Карбинци.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција истакна дека проектот се реализира со целосна финансиска поддршка на Министерството за образование и наука, а инвестицијата чини 4.200.000 денари. Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Страшо Пинџур“ се очекува да заврши до крајот на јануари 2026 година.

дека ќе се реконструира внатрешниот дел на салата, каде што учениците од прво до деветто одделение одржуваат часови по физичко воспитување.

-Се работи за обнова на подот и еве после извесен период или подолги години ќе добие современ под, односно ќе го направиме според критериумите на еден ваков објект. Во рамките на овој проект ќе биде опфатен и плафонот на самата спортска сала и одредени други содржини, кои се предвидени во овој проект, рече Паунов. вдј/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан