Се реконструира интернатот за средношколци во Кавадарци
- Реконструкцијата опфаќа комплетно реновирање на собите, тоалетите, кујна, ходници и на влезни партии.
Кавадарци, 24 септември 2024 (МИА) - Започна реконструкцијата на ученичкиот дом ,,Крсте Петков Мисирков’’, информираат попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Реконструкцијата, како што појаснуваат, опфаќа комплетно реновирање на собите, тоалетите, кујна, ходници и на влезни партии.
Се работи за инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 5.500.000 денари, се додава во соопштението, додека изведувач на работите е фирмата ,,Јоска транс" од Битола. свд/дма/
Фото: Кабинет на градоначалникот Митко Јанчев