• среда, 21 август 2024

Се расчистуваат улиците од атмосферскиот талог во Македонска Каменица

Се расчистуваат улиците од атмосферскиот талог во Македонска Каменица

Делчево, 20 август 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица продолжува акцијата за чистење на градските улици по наталожените талог, како последица на вчерашните обилни врнежи од дожд. Како што стои во објавата на каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски, во акцијата за расчистување се вклучени екипи на ЈП Камена Река. 

-После обилните ноќни врнежи од дожд, кои ја зафатија територијата на Македонска Каменица, вработените во Јавното претпријатие Камена Река  уште во раните утрински часови, со вклучена крупна механизација, се на терен. 

Спроведуваат интензивни работни активности за брзо и ефикасно чистење на улиците и јавните површини од наталожениот атмосферски талог, истакна Атанасовски.

Акцијата како што додаде продолжува и во периферијата на градот.

-Активностите ќе продолжат во периферните делови од градот, во приградските населби и на критичните места од руралните средини, додаде Атанасовски.

Како резултат на обилните врнежи од дожд на магистралата А3 која е дел од патот Делчево - М.Каменица - Кочани утрово се чистеа и одроните кои без забележливи на повеќе локации во градот. вс/

Фото: Димчо Атанасовски градоначалник на Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан