• четврток, 07 ноември 2024

Се расчистуваат сливници и шахти на територија на град Скопје

Се расчистуваат сливници и шахти на територија на град Скопје
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од секторот канализација, од утрово се на терен и ги чистат сливниците и шахтите на територијата на град Скопје, со цел системот да биде подготвен да ги прими водите по топењето на снегот и нормална функционалност на атмосферската канализација. -Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе ја следат состојбата и ќе продолжат со теренските активности во текот на денешниот ден, како и за време на викендот, стои во соопштението од претпријатието.свс/лв/

Остани поврзан