• среда, 25 декември 2024

Се разгледува можноста за отворање Европски центар во Струга

Се разгледува можноста за отворање Европски центар во Струга
Струга, 9 јануари 2022 (МИА) – Разгледување на можноста за отворање Европска куќа, односно Европски центар во Струга, беше главна причина за денешната посета на заменик-шефот на делегацијата на Европската унија Џулијан Васало на Општина Струга. По средбата со градоначалникот Рамис Мерко, Васало појасни дека се работи за место, каде младите ќе можат да го искусат европскиот дух. Во земјава, Европски куќи има отворено во Скопје, Струмица и Крива Паланка. - Ова се центри, кои имаат навистина набиена програма. Места каде што младите може да се дружат, разговараат на неформален начин, им се прошируваат хоризонтите и каде што можат на уште поблизок начин да го искусат европскиот дух. Места каде што ќе можат да посетуваат обуки и да разговараат на различни теми, односно да им се понуди еден тип на неформално образовани, истакна Васало. Струга, додаде, е избрана, бидејќи е место каде што има еден убав соживот и смета дека тоа е една од вредностите, кои ќе бидат промовирани и во Европската куќа. Една од можните локации за отварање на ваков објект е старото училиште „Браќа Миладиновци“, каде треба да биде префрлена општинската администрација. На средбата, според заменик амбасадорот на ЕУ, било разговарано и за динамиката на економскиот развој, развојот на туризмот, заштитата на животната средина... - Се обидовме да изнајдеме начин да развиеме одржлив туризам, кој ќе може да донесува економски придобивки на населнието, истовремено почитувајќи ја животната средина придржувајќи се на нејзината заштита за да оставиме чиста животна средина и за идните генерации, изјави Васало по средбата. За градоначалникот Мерко, развојот на туризмот и заштитата на Охридското Езеро се во интерес на Општината. Посочи дека со средства од ЕУ фондовите, релаизирани се голем број проекти како во градот, така и во руралните средини. - На средбата стана збор за економскиот развој на градот и обезбедување подобри услови за граѓаните на Струга. Разговаравме околу развојот на туризмот и заштитата на Охридското Езеро, односно за одржлив туризам, но и за развојот на проекти кои се во интерес на руралните и на урбаните средини, како и за социјалните проекти посебно за децата со Даунов синдорм и аутизам, да можеме во целост да ги заокружиме на позитивен начин за подобар град, рече Мерко.сс/фф/

Остани поврзан