• сабота, 22 март 2025

Се проширува капацитетот на градинката „Кокиче” во Кисела Вода

Се проширува капацитетот на градинката „Кокиче” во Кисела Вода

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Градоначалникот  на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети објектот „Кокиче” при градинката „Весели Цветови”, каде интензивно се одвиваат градежни активности за проширување на капацитетот, што ќе создаде можност за запишување на дополнителни 100-тина дечиња.

Новите простории кои се во финална фаза, се градат согласно сите стандарди и ќе овозможат современи услови за позитивен ран детски развој.

Периодов започнува со работа и новиот објект „Симба”, лоциран во Усје, како прва градинка во овој дел на Кисела Вода, која воедно е првата инклузивна јавнa детскa градинка во Скопје. Отворањето на овие објекти за згрижување на деца од предучилишна возраст значително ќе им го олесни секојдневието на семејствата од општината, кои години наназад чекаа да се отворат слободни места во градинките. 

- Денес сме во објектот „Кокиче” при ЈДГ „Весели Цветови”, каде е во завршна фаза изградбата на нови простории, односно проширувањето на неговиот капацитет. По проширувањето и адаптацијата, „Кокиче” оваа пролет ќе може да прими 150 дечиња, што е уште еден сериозен чекор напред во целосната реализација на моето ветување дадено пред граѓаните-во општина Кисела Вода повеќе да нема листи на чекање за упис во градинка, соопштија денеска од општината.

Претходно, во функција е ставена и нова градинка во Драчево, а е проширен и капацитетот и на објектот „Синоличка”. Изградба на нова градинка се планира и во Расадник. цр/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан