• петок, 26 јули 2024

Се преврте возило кај Плетвар, 61 - годишна жена пренесена во прилепската болница

Се преврте возило кај Плетвар, 61 - годишна жена пренесена во прилепската болница

 Кавадарци, 10 август 2023 (МИА) - Патничко моторно возило се превртело претпладнево кај Плетвар, 61 - годишна жена била пренесена во Градска болница Прилеп, потврдија за МИА од МВР.  

- Денеска околу 9.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај село Тројаци на превојот Плетвар, се превртело патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(61)од Скопје. С.Л. е пренесена во Градска болница Прилеп, појаснија од МВР. 

Неофицијално, жената нема сериозни повреди. свд/ир


Фото : МИА 

Остани поврзан