• сабота, 23 ноември 2024

Се поставува нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“

Се поставува нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Општина Центар започна со поставување на нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“, кој минува веднаш до матичниот објект на градинката „13 Ноември“. Овој зафат, како што информираат од Општина Центар, се изведува на барање на граѓаните кои живеат во околните згради, кои повеќе пати се жалеле до општината. На овој потег поради старата и дотраена атмосферска канализација после секој обилен дожд се собирала вода и се отежнувало движењето. Активностите опфаќаат поставување на нова атмосферска канализација во вкупна должина од 40 метри и нови сливници за полесно справување со отпадните атмосферски води. Реконструкцијата на кракот од „Никола Тримпаре“ ќе биде завршена идната недела, во моментов, Општина Центар ги реконструира улиците „Петар Поп Арсов“ и „Козара“, а наредни за реконструкција се улиците „Рајко Жинзифов“, „Адвокатска улица“ и пробивањето на улицата „Партизанска“. сст/са/

Остани поврзан