• среда, 25 декември 2024

Се поплочуваат улиците во старото градско јадро на Струга

Се поплочуваат улиците во старото градско јадро на Струга
Струга, 5 септември 2022 (МИА) - Улиците „27 Март“, „Браќа Миладиновци“ и „Нико Нестор“ во старото градско јадро во Струга се поплочуваат со камења, задржувајќи го автентичниот изглед. Увид во градежните активности денеска изврши струшкиот гтадоначалник Рамиз Мерко со претставници од Југозападниот плански регион. - Ја враќаме автентичноста на старото градско јадро. Ако во времето овие камења беа поставени со песок, денеска тие се стваат со бетонска подлога. Овој дел од градот ќе биде една атракција не само со житлеите што живеат тука и за стружани, туку и за сите што ќе го посетат градот, рече Мерко. Според него, се работи за голем инфраструктурен проект, со кој покрај реконструкција на улиците се врши и замена на азбестните цевки од водоводот со нов приклучок до секоја куќа, како и подземно поставување на каблите за струја и мобилните и кабелските оператори. - Проектот е заеднички на Центарот за развој на Југозападниот регион со Општина Струга. Дополнитлено Општината изврши замена на старите азбесни цевки со нови до секој дом, што дополнително општината ја чини над четири милиони денари. Со ЕВН и кабелските опертори се договорвиме сите кабли да ги стават подземно, изјави Мерко. Тој уште еднаш го повтори ветувањето за стружани дека тој дел од градпт ќе остане автентичен како што бил, со подобри услови за сите. сс/сст/

Остани поврзан