• понеделник, 23 декември 2024

Се подобрува дел од патната мрежа во беровското село Смојмирово

Се подобрува дел од патната мрежа во беровското село Смојмирово

Берово, 12 февруари 2024 (МИА) - Во Берово во тек се активности за реконструкција на улица која води до селските гробишта во село Смојмирово, информира градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски. Активностите, како што додаде, ќе се реализираат со средства од Бирото за регионален развој.

-Се реконструира улицата, на потег од црквата до селски гробишта, во  должина од околу 540 метри, со широчина од 2 до 3 метри и конечно се заокружува поголема целина на патна мрежа, во село Смојмирово. Од реконструкцијата на оваа улица, бенефит ќе имаат сите жители од селото, користејќи го патот до гробиштата и еден поголем дел на граѓани кои ја користат улицата во село Смојмирово, за пристап до своите семејни имоти, ќе  се подобри социјалната кохезија на жителите, но и на остантите граѓани и посетители во село Смојмирово, истакна Пекевски.

Од Бирото за регионален развој за развој на селата, за реконструкција на оваа улица, одобрени се средства во износ од 2,3 милиони денари. 

-Од Буџетот на Општина Берово за оваа намена ќе бидат кофинансирани 153.380,00 денари. Благодарност до Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, што ни овозможува реализација на вакви проекти, кои се од витално значење за развојот на Берово, додаде Пекевски.

Реконструкцијата на улицата како што посочи е избрана како приоритет на средбите со граѓаните кои Општината ги реализираше во изминатиот период. вс/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан