Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД 2 програмата во Делчевско
- Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД 2 програмата во делчевско. Еден од оние кои имаат добиено солидна финансиска поддршка преку инструментот за претпристапна помош за рурал

Делчево, 26 јануари 2021 (МИА) - Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД 2 програмата во Делчевско. Еден од оние кои имаат добиено солидна финансиска поддршка преку инструментот за претпристапна помош за рурален развој е делчевецот Љупчо Николовски, кој аплицираше за набавка на агротехнички помагала.

Од оваа инвестиција, како што додава Николовски, над 70 отсто од средствата се вратени на неговата сметка.
- Од споменатите 211 илјади денари за набавка на механизацијата ми се вратени околу 142 илјади денари. Ова за мене се сериозни средства и инвестиции, со кои како домашните земјоделци сме поконкурентни и со намалени трошоци и време за обработка на земјоделските површини, додава Николовски.
Николовски обработува 2 хектара земјоделско земјиште на кое одгледува овошни култури, сливи и круши. За поефикасно обработување на овоштарникот, аплицирал и добил договор за набавка на механизација од ИПАРД програмата. вс/ар/