• петок, 20 декември 2024

Се очекува реализација на капиталните инвестиции над 80 проценти годинава

Се очекува реализација на капиталните инвестиции над 80 проценти годинава
Скопје, 28 јуни 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев очекува оваа година да заврши со реализација на капитални инвестиции, како што вели од 80 и над 80 отсто. Во ребалансот, вели, има 6,5 милијарди денари повеќе пари за капитални расходи од иницијалниот буџет, се работи на многу проекти интензивно во целата држава, а реализацијата во првиот квартал е 20 отсто повеќе од лани. -Пролетта ја почнавме со помалку корона-заразени за да може и на терен да се одвиваат сите активности. Оваа година првпат по повеќе години и децении со ребаланс се зголемуваат капиталните расходи, што значи дека Владата се поставува уште поамбициозно и тоа врз основа на анализите на склучени договори и почнати во изведба капитални проекти. Очекувам над 80 проценти да биде реализација на капиталните инвестиции на крајот на годината за годинава, но вака таретирани секогаш останува предизвикот имотно-правните работи и административните постапки. Администрацијата секоја година се учи како да ги надминува ваквите проблеми и затоа се поставивме амбициозно односно имаме  6,5 милијарди денари повеќе пари за капитални расходи што беа во иницијалниот Буџет, изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на спортска сала во ООУ „Јоаким Крчоски“ во село Волково. Потенцира дека голем дел од ваквите проекти се локални, без разлика дали е надлежна државата или општината, и оти продолжуваат со вакви проекти. Во однос на  големите капитални инвестиции, рече, тоа се железниците, гасификацијата, патиштата кои не влегуваат во главниот буџет и затоа не ги сметаме за капитали инвестииции од страна на буџетот, но се многу драгоцени. -Интензивно се гради низ цела земја и веруваме дека на тој начин ќе дадеме дополнителен прилог на економскиот раст и равој и со секој макар еден процент повеќе реализирани капитални инвестиции веруваме ќе го подгнеме БДП, ќе дадеме поддршка на домашното стопанство, а согласно тоа ќе го јакнеме животниот стандард, изјави премиерот. Потенцира дека Владата очекува најмалку 80 отсто реализација и оти сме имале години и со над 80 отсто, и дека тоа е  можно да се направи.. -Сега имаме механизам на наградување и казнување. Првиот квартал и со завршување на вториот квартал на одредени буџетски корисници им се одземаат пари и им се дава на оние што вистина реализираа. Имаме 20 проценти повеќе реализација на капитални инвестиции во однос на минатата гоидна и тоа ни дава мотивација дека може да ги реализираме над 80 проценти, рече Заев.скс/лв/

Остани поврзан