• среда, 25 декември 2024

Се обновува пешачката патека на кејот „13 Ноември“

Се обновува пешачката патека на кејот „13 Ноември“

Скопје, 6 април 2022 (МИА)Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ - Скопје денеска почнаа со санирање на пешачката патека меѓу компанијата „А1“ и црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ на кејот „13 Ноември“.

Патеката е со должина од 40 метри и широчина од 1,70 метри. Се отстранува оштетената површина со бекатон плочи, а потоа површината ќе се тампонира, ќе се поставуваат рабниците и ќе се постават новите бекатон плочи.

Како што соопшти ЈП „Улици и патишта“, по уредувањето на оваа пешачка патека екипите продолжуваат со санација и на останатите пешачки патеки на градските сообраќајници согласно планот за работа од Град Скопје. мд/дма/

Остани поврзан