• среда, 25 декември 2024

Се обновува патната инфраструктура кон беровско Владимирово

Се обновува патната инфраструктура кон беровско Владимирово

Берово, 22 јуни 2023 (МИА) - Во беровско Владимирово во тек се активности за асфалтирање на регионалниот пат Берово-Владимирово. Градежните работи како што информираа од Општината опфаќаат поставување нов слој на асфалт, во должина од 5,1 километри.

Увид во градежните активности денеска изврши градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој изрази задоволство од почетокот на активностите.

-Со  реконструкцијата на овој пат,  се обезбдува  поголема безбедност и подобра комуникација до населеното место Владимирово, значително  се подобрува  квалитетот на живот на жителите од ова село и се олеснува пристапот до нивните имоти  рече Пекевски.

Реализацијата на ваквите проекти, како што додаде, е од особено значење за развој на модерна инфраструктура, со примарен фокус на  регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој.

-Уверувен сум дека придобивките од реализацијата на овој проект, ќе бидат одржливи и ќе продолжат да траат во годините што следат,  а владимирци за празникот ,,Илинден", каде и да се, дома ќе пристигнат по новоасфалтиран пат, додаде Пекевски.

Средствата, во износ од 42,4 милиони денари се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта, а работите се реализираат преку Македонија пат. вс/вј/

 

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан