• четврток, 07 ноември 2024

Се крадат капаците од шахтите во Прилеп

Се крадат капаците од шахтите во Прилеп
Прилеп, 3 март 2022 (МИА) - На големо се крадат металните капаци од шахтите низ улиците во Прилеп. Прилепски водовод се соочува со голем проблем, само во текот на февруари се украдени 21 сливна решетка од канализациската мрежа. Според директорот на „Водовод и канализација“ Игор Гулабоски, ова е огромен проблем, опасност за граѓаните и голема штета. Пријавено е во полицијата. - Со овој проблем се соочуваме последните 2-3 месеци. Само во февруари се украдени 21 сливна решетка од канализациската мрежа. Само со ова е причинета штета од речиси 1.500 евра, а уште поголема е опасноста за безбедноста на граѓаните. Сами не може да се справиме, иако вршиме замена. Пријавено е во полиција од каде ни велат дека ја следат состојбата кај откупните пунктови, изјави Гулабоски. Прилепски водовод апелира до граѓаните за совесно однесување кон инфраструктурата која, како што велат, им служи на сите.ем/вј/

Остани поврзан