• петок, 27 декември 2024

Се интензивираат градежните работи на ново булеварско решение на западниот влез во Кочани

Се интензивираат градежните работи на ново булеварско решение на западниот влез во Кочани
Кочани, 16 јуни 2022 (МИА) – Се интензивираат завршните градежни активности на втората коловозна лента од идниот булевар „Стедо Теодосиевски“ во Кочани, со што ќе се осовремени западниот влез во градот. По изградбата на тротоарската површина и потпорните ѕидови кај Спортската сала, како и по тампонирањето на коловозот од половина километар, преостанува асфалтирањето. Исто така, постојните крстосници на кои имаше поставено семафори, ќе се решаваат со изградба на кружни текови. -Во тек се подготовките за изградба на планираниот кружен тек на крстосницата од улиците „Димитар Влахов“ и „Глигор Апостолов – Гочо“, во близина на  Ветеринатрната станица. По обележувањето на трасата и гребењето на асфалтот, ќе се постави соодветна електрична инсталација и рабници. Освен на оваа локација, предвидено е да се изгради уште еден кружен тек на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Тодосија Паунов“, во непосредна близина на двојниот мост на Кочанска Река, информираа од Секторот за урбанизам во Општина Кочани. На сообраќајната инфраструктура во овој дел од централното градско подрачје се работи веќе четврта година по ред, почнувајќи од експропријација и отстранување на старите објекти, па до комплетирањето на втората лента од булеварот. За реализација на овој инфраструктурен проект, со кој значително ќе се подобри протокот на сообраќајот во централното градско подрачје, наменети се над 10,5 милиони денари од општинскиот буџет.та/сх/

Остани поврзан