Се излеа Селска Река во Кривопаланечко, поплавени поседи на земјоделците
- Невремето со пороен дожд, силен ветер и грмотевици што во попладневните часови ја зафати општина Крива Паланка предизвика излевање на Селска Река и поплавување земјоделски поседи. Од удар на
Крива Паланка, 21 август 2022 (МИА) - Невремето со пороен дожд, силен ветер и грмотевици што во попладневните часови ја зафати општина Крива Паланка предизвика излевање на Селска Река и поплавување земјоделски поседи.
Од удар на гром се запалени плевна и куќа во Крива Паланка, а пожарникарите се на терен и работат на локализација на пожарите.
Градоначалникот Сашко Митовски вечерва информира дека се работи на санација на последиците од невремето.
- Вечерва сум на терен заедно со службите на јавното претпријатие „Комуналец" и општинските служби. Се справуваме со последиците од невремето кое траеше повеќе часови откако попладнево ја зафати нашата Крива Паланка. Се излеа Селска Река во Конопница, поплавени се приватни поседи на граѓаните. Заедно сме меѓу нашите сограѓани, се работи на санација на штетите. Во меѓувреме, Територијалната противпожарна единица интервенира на двата пожари предизвикани од гром, информира Митовски. ид/бак/