• вторник, 24 декември 2024

Се зголемува интересот за изучување турски јазик во селата Црник и Тработивиште

Се зголемува интересот за изучување турски јазик во селата Црник и Тработивиште
Делчево, 12 февруари 2022 (МИА) - Се зголемува интересот за изучување турски јазик во селата Црник и Тработивиште. Веќе неколку месеци во овие две села помеѓу градовите Делчево и Пехчево во тек се организирани курсеви по турски јазик. Наставата ја изведува младиот Ален Зекировски, кој пред неколку месеци дипломираше на Катедрата за турски јазик и книжевност на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, а чиј сон е уште од детство да предава турски јазик. - Моментално работам со 15 деца да го научат мајчиниот јазик во селата Црник и Тработивиште. Мојот детски сон беше да научам турски и да станам учител еден ден. Во регионот каде што живеам турски не се знае, немаше турско образование. Затоа по завршувањето на средното образование се запишав на отсекот за турски јазик и книжевност во Штип. Денес, среќен сум што учам турски и работам како турски учител, вели Зекировски. Повеќето од населението со муслиманска вероисповед, кои живеат во овој регион, сакаат да учат турски, додаде младиот учител, велејќи дека интересот за турски јазик е зголемен. -Порано немаше можност за турско образование. Сега сите се среќни затоа што се учи турски. Мојата цел е да им овозможам на луѓето од регионот да ги живеат нашите традиции на својот мајчин јазик, вели Зекировски. Иницијативата е дел од активностите на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) која има реализирано околу 500 проекти во различни области во Македонија, пред сè во образованието и здравството, одигрувајки важна улог, подадената рака на пријателство на Турција да допре до македонските граѓани. вс/цр

Остани поврзан