• сабота, 23 ноември 2024

Се зголемува грижата за јавните површини во Берово

Се зголемува грижата за јавните површини во Берово
Берово, 24 јануари 2020 (МИА) - Во насока на подобрување на рекреативниот туризам, беровските комунални служби продолжуваат со грижата за јавните површини. Во таа насока како што информираат од општината и годинава од буџетот се предвидени средства за оваа намена.
-Во рамките на програмата за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Берово, за 2020 година, предвидени се средства за одржување на јавните зелени површини на територијата на Општина Берово. Целта е Берово и годинава да го задржи епитетот за најчист град во Источна Македонија, информираа од општината.
Во таа насока како што дополнија деновиве е интервенирано на подобрување на условите за рекреација во детскиот парк во Берово.
-Во соработка со ЈКП ,,Услуга” извршивме оградување на новоизградениот детски парк на улицата „Партизанска”. Паркот е ограден, со цел поголема безбедност на децата кои ќе ги користат реквизитите, додадоа надлежните.
Слични активности преку проектот ,,Подобрување на рекреативниот туризам во источно плански регион” кој е реализиран преку Центарот за развој на источно плански регион од општина Берово најавија и за наредниот период. вс/ир

Остани поврзан